Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ и „рибарите“ славеа во претпоследните контролни натпревари

Охрид, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – И ракометарите и фудбалерите на Охрид регистрираа победи на претпоследните контролни натпревари во рамки на подготвителниот период.

„Гладијаторите“ славеа на гостувањето кај Прилеп, совладувајќи го со 26-28. Фудбалерите на Охрид Лихнидос пак го совладаа кичевски Велазерими со 2-0.

Уште една проверка пред старт на првенствата ги очекува в сабота, ракометарите играат повторно со Прилеп, овојпат ги пречекуваат на домашен терен, а „рибарите“ ќе се сретнат со Велешта.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука