ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро за една недела се покачи за 7 сантиметри

Охрид, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро бележи значителен раст, за една недела се покачи за седум сантиметри.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) покажуваат дека езерото е на кота од 693,42 м.н.в, што е за 1 сантиметар над месечниот просек (693,41 м.н.в) и 32 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Температурата на езерската вода измерена утрово е 6 степени, односно половина степен под просекот за февруари.

No photo description available.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 7. степени.

– Следува период на доста тивко и повремено сончево време во кој температурите ќе бидат во пораст. Така во петок утринските температури само на места ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -10 степени. За време на викендот и во понеделник температурите преку денот ќе бидат насекаде над нулата и ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука