Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Матурантите ќе полагаат два екстерни предмети, државната матура ќе се полага од 5-ти јуни

Скопје, 18. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата и средношколците најдоа решение за државната матура, според кое, велат, секој матурант ќе може да се запише на било кој универзитет во Македонија или надвор.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи потенцираа дека дошле до компромисно решение со кое се гарантира квалитетен матурски испит. Ќе се полагаат два екстерни испити, а терминот за полагање на државната матура е поместен за една недела, па наместо на 29-ти мај, ќе започне на 5-ти јуни.

– Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на корона пандемијата. Се договоривме да се полагаат два екстерни испити, а третиот да се трасформира во интерен. Вака ниеден матурант не ќе има проблем да се запише на универзитетите во земјава или надвор. Се договоривме да се формира работна група со претставници од Бирото за образование и сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програми за екстерни испити. Со работната група ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а тоа е предвидено да заврши со средината на март. Ги охрабруваме сите млади да бидат гласни и да се борат за подобрување и да ни укажуваат на секој проблем, кој низ дијалог ќе го решаваме, истакна премиерот Заев.

Претседателот на средношколскиот сојуз Ходаи им честита на матурантите за единството и упорноста. Успеавме да го добиеме заслуженото внимание од институциите, дојдовме до компромис кој не го нарушува системот, а е во пресрет на нашите барање, додаде тој, упатувајќи бладгодарност и до премиерот за разбирањето.

Нема достапен опис
– Матурантите покажаа зрелост и мудрост, жртвата има позитивен и корисен резултат за сите матуранти. Се договоривме за вкупно 10 промени. Ова е залужено олеснување согласно вонредните услови во кои се одвива наставата. Ние не баравме да не учиме, туку да има промени во начинот на полагање на матурата, да биде приспособено на услови што одговараат на наставата, рече Ходаи.

Меѓудругото Владата и матурантите се договориле материјалите за испитите да им бидат достапни на учениците најмалку три недели пред испитот, а банките со прашања да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука