Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Матурантите до 5-ти март повторно треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат

Скопје, 19. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите имаат рок најдоцна до 5-ти март повторно да ги регистрираат испитите што ќе ги полагаат за државната матура, односно имаат можност да ги променат тие што ги пријавиле.

Ова доаѓа по вчерашниот договор на Владата и Сојузот на средношколци, кои изнајдоа компромисно решение околу полагањето на матурата оваа учебна година. Ќе се полагаат два екстерни испити, а третиот ќе се трасформира во интерен. Терминот за полагање на државната матура е поместен за една недела, па наместо на 29-ти мај, ќе започне на 5-ти јуни.

Со постигнатиот договор се прифаќаат барањата на Сојзуот на средношколци – наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и базата на прашања најдоцна три недели пред денот на испитот и тие да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања. Ќе се зголеми коефициентот кај несоодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени. Првиот екстерен испит (Мајчин јазик) треба да биде сметан за соодветен од сите високообразовни институции во земјава, а Државниот испитен центар да овозможи естетика и филозофија (кои досега беа во листата за третиот екстерен испит) да бидат вториот екстерен за матурантите во средните уметнички училишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука