Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гладијаторите“ и „рибарите“ денеска ги заокружуваат контролните натпревари во рамки на подготвителниот период

Охрид, 20. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите и фудбалерите на Охрид денеска ги заокружуваат контролните натпревари во рамки на подготвителниот период.

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Прилеп, а „рибарите“ ќе се сретнат со Велешта. Натпреварите во новата полусезона започнуваат на крајот месецов.

Охрид Лихнидос донесе 5 засилувања во рамки на зимскиот преоден рок, а ракометарите само едно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука