Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

In Memoriam: Почина Томислав Балабан

Охрид, 21. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – По кратко боледување, синоќа во 84 година од животот во Скопје почина познатиот Охриѓанец Томислав Балабан.

Балабан беше истакнат стопанственик, човек без кој ќе биде посиромашна охридската чаршија.

Во неговата успешна кариера бил директор на Градежното претпријатие „Трудбеник“, „Македонија Инвест“, директор на инвестиции во ХТД „Застава“ од Охрид, работел и во гигантот ЕМО, а во два мандати и претседател на Прекршочниот суд во Охрид. Беше сопруг и татко на две деца, дедо на пет внуци и прадедо.

Погребот на Балабан ќе се изврши согласно здравствените протоколи во кругот на најблиското семејство, во понеделник, на 22-ри февруари 2021 година, во 12:30 часот на Градските гробишта во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Томислав Балабан

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука