ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро на три сантиметри над февруарскиот просек

Охрид, 22. февруари 2021(ОХРИДПРЕС) – И натаму расте нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,44 м.н.в, што е за 3 сантиметри над месечниот просек (693,41 м.н.в) и 34 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Температурата на езерската вода измерена утрово е 5,5 степени, односно за еден степен под просекот за февруари. Топењето на снегот значително придонесе за подобрување на водостојот на езерото. За десет дена нивото е пораснато за 9 сантиметри.

Нема опис за фотографијата.

May be an image of текст кој вели „министерство землоделство, водостопанство управа хидрометеоролошки работи табела неделна хидролошка реките природните 07:30 легуновце- скопје вардар 19.02.21 112 139 95 100 120 90 100 178 мак.брод- треска 100 166 92 115 110 174 73 124 102 130 90 105 130 136 90 пчина 224 107 110 берово- 60 130 струмица нд 100 100 74 87 90 98 85 95 102 72 72 86 80 78 85 05 132 83 121 40 83 ΜΗΜ нд з.охрид 147.03 147.05 табела 147.07 гемператури вода 7:30 693.44 охрид 693.44 3.0 6.0 3.5 3.8 3.5 5.2 изработил: гм 5.5 5.5 6.5 одобрил:вс директор акумулации дредовниот“

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12. степени.

– Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено денес и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика топење на снежната покривка. Утре и во среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука