Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Акциска контрола на СВР Охрид, казнети возачи кои управувале возила со брзина поголема од пропишаната

Охрид, 22. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви февруари 2021 година на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

– Притоа, на подрачјето на Охрид полициските службеници регистрирале 19 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, во Струга 21, во Кичево 19 и во Дебар 15 возачи. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука