COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Филипче: До крај на неделава ќе биде пуштена во функција модуларната болница во Охрид

Охрид, 22. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на неделава ќе биде пуштена во функција модуларната болница во Охрид, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Монтажниот објект досега ќе беше ставен во употреба, но снежните врнежи ги забавија работите околу негово приклучување на довод на електрична енергија.

Модуларната болница е сместена позади одделението за геријатрија, се протега на површина од 1.000 м², опремена со целокупна медицинска опрема и капацитет од 40 легла за пациенти опремени според највисоки стандарди. Има приемна амбуланта и дел за изолација. Според најавите тука ќе биде префрлено Инфективното одделение.

Нема опис за фотографијата.

Нема опис за фотографијата.

Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во охридскиот регион.

Досега е завршена изградбата на осум модуларни болници во неколку македонски градови. Покрак во Охрид, до крај на месецот се очекува да бидат готови и објектите во Кавадарци и Тетово, а во следните неколку недели ќе бидат комплетирани сите 19 предвидени модуларни болници.

Што се однесува до состојбата со коронавирусот во Охрид, монетално има 402 активни случаи, а хоспитализирани се 53 пациенти. Во текот на последните два дена, кај половина од заразените на државно ниво е забележана британската мутација на COVID-19, а како најголеми жаришта на новата мутација министерот Филипче ги посочи Охрид, Кавадарци и Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука