Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жителка на Велешта која узурпирала државно земјиште

Струга, 22. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 47-годишната В.Н. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

– Таа, во текот на 2020 година, како инвеститор, на локација на јавен пат во Струга, без решение за изведување, узурпирала државно земјиште и изградила бетонска ограда во должина од 70 метри. По извршен инспекциски надзор, било донесено решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани оградата, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука