COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

129 нови случаи на COVID-19, 3 новозаболени, едно починато и 22 оздравени лица од Охрид

Скопје, 22. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 854 тестирања, при што се регистрирани 129 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 76
-Кавадарци 19
-Неготино 9
-Прилеп 6
-Велес, Охрид и Струга по 3
-Куманово и Тетово по 2
-Битола 9
-Гостивар, Штип, Кичево, Виница, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Починати се 13 лица, 5 пациенти од Скопје (76, 70, 61, 58 и 54 години ), 2 пациенти од Кавадарци (87 и 78 години), и по еден пациент од Тетово (73 години), Куманово (79 години), Охрид (66 години), Гевгелија (73 години), Прилеп (80 години) и Неготино (61 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 342 оздравени пациенти од:

-Скопје 101
-Кавадарци 49
-Делчево 45
-Охрид и Струга по 22
-Велес 18
-Прилеп 14
-Неготино 11
-Тетово 7
-Куманово 6
-Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово по 5
-Штип 4
-Гевгелија, Радовиш и Валандово по 3
-Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци по 2
-Кочани и Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 503.565 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука