Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и потопло време со температура до 15. степени

Охрид, 23. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 15. степени.

– Продолжува периодот на стабилно и потопло време со температури над просекот за овој период од годината. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините. Утре ќе дува умерен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука