Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Недела на борба против срцевосадови заболувања

Охрид, 23. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Здраво срце, среќно срце“, од 21-ви до 28-ми февруари 2021 година ќе се одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања.

Болестите на срцето и крвни садовите садови претставуваат голема хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Македонија.

Факти:

• Кардиовскуларните заболувања се причина број еден за смртноста во светот. Според податоците на Институтот за јавно здравје повеќе од 57 % од смртните случаи во Република Македонија се последица на срцевосадови заболувања.
• Во 2004 година околу 17,1 млиони луѓе умреле од кардиоваскуларни заболувања што преставува 29% од смртноста во светот. Од оваа бројка 7,2 милиони умреле како последица на коронарна срцева болест којшто се јавува како последица на артеросклерозат а 5,7 милиони како последица на срцев удар.
• 82% од кардиоваскуларните заболувања се јавуваат кај земјите од низок и среден стандард зафаќајки ги обете популации подеднакво (мажи/жени, 1:1).

Најважните ризик фактори за срцевите заболувања и мозочниот удар се неправилна исхрана, физичка неактивност и употреба на цигари. Ова се таканаречени бихеворални ризик фактори и во 80% се причина за коронарната срцева болест и цереброваскуларните заболувања. Ефектите од нездрава исхрана и физичка неактивност може да предизвикаат зголемен крвен притисок, зголемена глукоза и масти во крвта, преголема телесна тежина и појава на гојазност. Сите овие наброени промени во суштина преставуваат високи ризик фактори.

Исто така постојат и предиспонирачки фактори за КВЗ, уште така наречени „причини на причинителот“. Тие преставуваат одраз на социјаните, економските и културалните промени – глобализација, урбанизација и стареењето на популацијата. Останати детерминирачки фактори за КВЗ се стресот и сиромаштијата.

Превенција од кардиоваскуларни заболувања (КВЗ):

– Откажување од цигари,
– Правилна исхрана богата со витамини и минерали,
– Испитување и регулирање на холестеролот,
– Испитување и регулирање на високиот крвен притисок,
– Спроведување физичка активност,
– Регулирање на тежината без нагло варирање,
– Намален внес на алкохол,
– Одмор и релаксациони прошетки во природа. (Крај)

извор: Црвен крст Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука