Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се реконструира и модернизира студентскиот дом во Охрид

Скопје/Охрид, 23. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Македонија“.

Проектот се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (Студентски домови во државна сопственост) во Република Македонија, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од Програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука