Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Тече тендерска постапка за избор на фирма која ќе ги отстранува дивоградбите на охридското крајбрежје

Охрид, 24. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид продолжува да постапува согласно препораките на УНЕСКО. Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе работи на отстранување на дивоградбите на охридското крајбрежје, истакна денеска градоначалниот д-р Константин Георгиески.

Тој инфрмираше дека биле поднесени 14 кривични пријави за узурпација на државно земјиште до правни и физички лица кои стопанисувале со плажите на крајбрежјето.

– Станува збор за правни и физички лица кои вршеле дејност преку користење на плажите на крајбрежјето, при што се стекнале со износ по основ на закуп, кој до денеска не го подмириле. Во тек се вештачења и пресметка на износ кој би требало да го платат по основ на закуп со оглед на тоа дека на лице место обавувале дејност и се стекнале со одреден износ кој до ден денес не е исплатен, додаде Георгиески.

Тој потенцираше и дека има и дел на плажи за кои ние не се знае кој обавува таму дејност.

– Дел од нив не издаваат фискални сметки ниту имаат регистрина фирма и тие пријави се поднесени до СВР, порача градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески.

Реактивната мисија на УНЕСКО ги нотираше токму дивоградбите како најголем проблем кој го загрозува статусот на регионот како универзална светска вредност. (Крај)

извор: локално.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука