Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Емилија Карафиловска меѓу добитниците на Европските награди

Скопје/Охрид, 25. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Емилија Карафилоска од Охрид за литературната творба „Денот на Европа“ и Миа Велковска од Скопје за анимацијата „Очите на Европа“ се добитници на наградите од Конкурсот за најдобри аудиовизуели и литературни остварувања посветени на 9 Мај – Денот на Европа.

Одборот за доделување на наградите од Конкурсот беше составен од членови на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ од Скопје, во соработка со Европската асоцијација на професори и Асоцијацијата за корпоративна безбедност од Скопје.

Од Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ информираат дека свеченото доделување на наградите ќе се изврши online, на Денот на Европа – 9-ти мај 2020 година, а добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страната на универзитетот. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука