Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Службено лице во ЈП „Градски Гробишта“, бехатон плочките наменети за црква, ги пренесол во својата викендичка

Охрид, 26. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишниот П.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Тој, на 12-ти ноември 2020 година, во својство на службено лице во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ во Охрид, го известил Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ дека за потребите на „Градски гробишта“ неопходен им е камион кипер за транспорт на 800 бехатон плочки, наменети за поплочување на пат до црква во охридското село Љубаништа. Откако биле пренесени, пријавениот плочките ги пренесол во дворот од својата викендичка која се наоѓала веднаш до црквата, со што се стекнал со противптравна имотна корист од над 60.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука