Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид спроведе акциска контрола, 6 автобуси испратени на дополнителен технички преглед

Охрид, 26. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти февруари 2021 година, во периодот од 08:00 до 12:00 часот на подрачјето на СВР Охрид е спроведена акциска контрола кон автобуси и други возила што вршат јавен превоз.

– Притоа, на дополнителен технички преглед испратени се 44 автобуси (Охрид 6, Струга 19, Кичево 18 и Дебар 1) и кај еден автобус од Охрид констатирани се неисправни уреди за сопирање и бил исклучен од сообраќај, а откриени се и шест други прекршоци. Против правните и физички лица, сопственици на автобусите, каде се констатирани пропусти, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука