Избор Македонија

Триесетдневен притвор за 30 членови на терористичката група

Скопје, 11. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Основниот Суд Скопје на за 30 членови на терористичката група, кои извршија напад во Куманово, им одреди триесетдневен притвор.

Од вчера 30 лица беа во притвор во Скопје за сослушувања, кои ќе продолжат и денеска. Станува збор за 18 лица – државјани на Косово, две лица државјани на Република Македонија, со привремен престој во Косово и едно лице албански државјанин со престој во Германија.

Сите триесет лица се со предлог за определување мерка притвор од ОЈО за организиран криминал и корупција.

Во Македонија е ден на жалост во спомен на загинатите 8 полицајци во операцијата во Куманово. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука