ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Со заштитни брани и мрежи на реките ќе се спречува влевањето на цврст отпад во Охридското Езеро

Охрид, 1. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во водите на Охридското Езеро, општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје.

– Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период исти заштитни механизами ќе бидат поставени и на останатите речни корита, информираат од општина Охрид.

May be an image of outdoors

Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП „Градски гробишта“, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука