Избор Свет

Лајчак – Извршителите на нападот во Куманово да се доведат пред лицето на правдата

Брисел, 11. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, побара брза истрага и доведување на извршителите на терористичкиот напад во Куманово пред лицето на правдата.

Мирослав Лајчак на социјалната мрежа Твитер, објави загриженост за настаните во Македонија, порачувајќи дека такви напади се неприфатливи за Европската унија.

– Нападите во Куманово или на кое било друго место во оваа мултиетничка држава се неприфатливи! Се очекува брза истрага и доведување на извршителите пред лицето на правдата, потенцира Лајчак.

Република Словачка е членка на ЕУ од 2004 година и оваа земја важи за безусловен поддржувач на Македонија во аспирациите за нејзина евроатлантска интеграција. (Крај)

извор: Телеграф.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука