Избор Култура

Претставата „Сопружници“ повторно на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 2. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради интерес кај публиката, претставата „Сопружници“ на охридскиот народен театар, во режија на Драгана Таневска повторно на репертоарот на охридскиот народен театар.

Претставата ќе биде изведена на 5-ти и 6-ти март од 19:00 часот.

– „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска, за претставата работена по текст на Вуди Ален.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

Билетите по цена од 200 денари ќе се продаваат од денеска на билетарата при Центарот. Телефони за резервации 046/261-063 и 075/283-066.

Организаторите потенцираат дека претставата ќе се игра пред ограничен број публика, согласно здравствените протоколи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука