ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро на шест сантиметри под просекот за март

Охрид, 2. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро периодов наназад бележи подобрување, но е под просекот за месец март.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,43 м.н.в, што е за 6 сантиметри под месечниот просек (693,49 м.н.в) и 33 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

May be an image of текст кој вели „за управа работи (споредба табела водостои прикажани вареките природните езера претходниот ден очекувана тенденциа наредниот ден) 02/03/2021 cm измерени река легуновце- вардар вардар 07:30 02.03.21 100 132 100 120 просек вардар март 120 208 103 105 99 181 т.бана 123 берово брегалница 20 44 нд 92 114 18 44 = струмица 92 нд нд 135 87 радика 86 84 з.доран ΜΗΜ змерени 147.09 7:30 часот ез.преспа 147.09 842.53 3.охрид 842.53 = температури 843.98 вода 7.8 наколец- ез.преспа 07:30 7.4 8.0 преспанското езеро нд нд има апсолу изработил: минимум одобрил: ниво директор, костадин ацевски“

Температурата на езерската вода измерена утрово е 8 степени, односно за 0,2 степени повисока од просекот за март.

Времето денеска претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11. степени.

– До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од утре ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука