Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Потребна е помош на ресенчанец кој живее во крајно лоши услови

Охрид, 2. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Потребна е помош за 45 годишен ресенчанец кој живее во крајно лоши услови.

Симче Кремшовски, кој боледува од епилепсија, живее сам во куќа во Ресен, која е во незавидна состојба, внатрешноста се распаѓа, а во куќата нема ни вода. По иницијатива на локалните жители покрената е акција за собирање парични средства за изградба на ново живеалиште. Според нивните проценки за тоа ќе се потребни 7 до 8 илјади евра, а досега се собрани околу 2.000.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

За таа цел отворена е денарска сметка за донации во Стопанска банка АД Скопје – 200-0025886873-95, како и две девизни сметки.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Се повикуваат сите хумани граѓани да помогнат, во зависност од можностите, Кремшовски да добие соодведни услови за живот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука