Избор Охрид

Собир за поддршка на безбедносните сили во Охрид и уште 22 други градови

Охрид, 11. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Собир за поддршка на безбедносните сили на Република Македонија ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот на плоштадите во 23 градови ширум државата, меѓу кои и во Охрид.

– Сите граѓани, стари и млади и од сите националности, Ве повикуваме утре да се собереме на плоштадите во 23 градови во Република Македонија да ја изразиме нашата поддршка и почит на македонската полиција. Да се заблагодариме за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и соживот, воспоставување на ред и владеење на законите, порачуваат организаторите, кои собирите ги најавуваат и популаризираат преку социјалните мрежи.

Во повикот се напоменува дека собирите ќе бидат мирни и без дополнително ангажирање на полицијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави