Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со температура до 13. степени

Охрид, 3. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 13. степени.

– Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука