Полицијата пронајде марихуана кај 22-годишен охриѓанец
Охрид, 4. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти март 2021 година, околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода 22-годишниот Х.Б. од Охрид.
– При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |