Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Доктор од Охрид физички нападнал медицинска сестра во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Скопје, 6. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти март 2021 година, во 07:00 часот во СВР Скопје, 29-годишната С.С. од Скопје пријавила дека околу 05:45 часот била физички нападната во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра.

– По претходна расправија таа била физички нападната од страна на 33-годишниот Т.М. од Охрид, вработен како доктор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука