Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 11. степени

Охрид, 7. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11. степени.

– Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука