COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Денеска пристигнува првата пратка од вакцините Спутник V

Скопје, 7. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На аеродромот во Скопје денеска околу 14:00 часот треба да пристигне пратката од руската вакцина Спутник V. Вакцините ќе ги пречекаат министерот за здравство, Венко Филипче и амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин.

Филипче рече дека вакцинацијата треба да почне в среда.

– Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови, многу веројатно е дека вакцинацијата ќе започне во среда. Од рускиот прозиводител нашата земја има потпишано договор за купување на 200 000 дози вакцини, рече Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука