Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на стариот пат Охрид-Струга, загина велосипедист

Охрид, 7. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на стариот пат Охрид-Струга.

Незгодата се случила во близина на автобуската постојка, каде во велисипедистот удрило патничко моторно возило, кое смртно го повредило.

Патниот правец одредено време беше затворен, додека траеше увидот кој треба да ги утврди околностите што довеле до несреќата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука