COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нови 9 контејнери во модуларната болница, капацитетот се зголеми на 55 легла

Охрид, 7. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Пристигнаа уште 9 контејнери со што капацитетот на модуларната болница се зголеми на вкупно 55 легла, објавија на официјалната Facebook страна на ЈЗУ Општа Болница од Охрид.

– Моментално има слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид пациенти. Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација, а кога не е, вели директорот д-р Горан Балевски.

Според последните информации на Министерството за здравство на Република Макеоднија, во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти. (Крај)

извор: ЈЗУ Општа Болница Охрид фото: ЈЗУ Општа Болница Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука