COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

333 нови случаи на COVID-19, 20 новозаболени и едно починато лице од Охрид

Скопје, 7. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, при што се регистрирани 333 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

-Скопје 182
-Кавадарци 22
-Куманово и Охрид по 20
-Тетово 15
-Битола 11
-Прилеп 9
-Неготино 8
-Велес и Ресен по 7
-Гостивар 6
-Гевгелија 4
-Струмица 3
-Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово по 2
-Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод по 1

Починати се 10 лица, по 3 пациенти од Скопје (85, 70 и 70 години) 2 пациенти од Кавадарци (90 и 59 години) и по 1 пациент од Штип (47 години), Велес (59 години), Кочани (79 години), Куманово (82 години), и Охрид (68 години). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Регистрирани се 268 оздравени пациенти од:

-Скопје 160
-Прилеп 28
-Куманово 20
-Крива Паланка 14
-Велес 9
-Тетово 6
-Битола, Кичево и Гевгелија по 4
-Кочани, Берово и Пробиштип по 3
-Гостивар и Богданци по 2
-Кавадарци, Свети Николе, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука