Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 11. степени

Охрид, 8. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини со значителна ниска облачност.

Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11. степени.

– Утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат во северните делови од земјата. Потоа следува период на стабилно и потопло време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука