COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од среда полициски час во цела држава од 22:00 до 05:00 часот предлага Комисијата за заразни болести

Скопје, 8. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради порастот на бројката на новозаразени на денешната седница на Кризниот штаб, на предлог на Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче побарал повторно воведување полициски час во периодот од 22:00 до 05:00 часот. 

– Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, соопштија од министерството.

Полицискиот час би започнал да важи од среда, 10-ти март, а предлогот ќе биде разгледан на утрешната владина седница.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука