Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: На патот Охрид-Струга вчера настрада 17-годишен велосипедист од струшко Ливада

Охрид, 8. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми март 2021 година, во 11:00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу селото Подмолје и Автокампот „Андон Дуков“, патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 21-годишната К.Р. од Струга удрило во 17-годишен велосипедист од селото Ливада, струшко.

– Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. К.Р. била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ каде и’ биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука