Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од полноќ поскапуваат бензините

Скопје/Охрид, 8. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ нови, повисоки, цени на бензините, нема промена во цената на дизелот и екстра лесното масло.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе биде повисока за половина денар.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,446 денари за килограм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 66 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 68 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 56 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 45 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 35,843 денари/килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука