COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Филипче: Полицискиот час ќе трае две недели, угостителските објекти може да работат под актуелните протоколи

Скопје, 8. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Доколку биде усвоен предлогот полицискиот час ќе трае во период од две недели и тоа секој ден независно дали е работен ден или викенд. Засега други рестриктивни мерки не се предвидени, но состојбата се следи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Потенцира дека на ваков чекор се одлучиле поради зголемувањето на бројот на новозаболени, хоспитализации, но и непочитување на заштитните мерки и протоколи. Филипче додаде дека и покрај тоа што деновиве се изречени казни и се затворени објекти што не почитуваат мерки, засега нема да има дополнителни рестрикции за угостителите.

– Евидентно беше дека изминатите денови се зголемува инциденцата и тоа најмногу во Скопје, потоа регионот на Кавадарци и Неготино, Прилеп и Охрид и тоа се реперкуира на зголемен на бројот на хоспитализации.
Поделени се мислењата кај епидемиолозите дали состојбата ќе биде како онаа во месец ноември, сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците во моментов, и затоа се овие мерки. Засега нема да има дополнителни рестрикции за угостителите, таму има протоколи, а сите инспекторати имаат зголемени ингеренции, па со интензивна работа може да се контролираат протоколите, рече Филипче.

Додаде дека засега нема да се препорача одложување на пописот, но состојбата будно ќе се следи.

Поради порастот на бројката на новозаразени на денешната седница на Кризниот штаб, на предлог на Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче побарал повторно воведување полициски час во периодот од 22:00 до 05:00 часот. Полицискиот час би започнал да важи од среда, 10-ти март, а предлогот ќе биде разгледан на утрешната владина седница.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука