Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кражби во Охрид и Битола

Битола/Охрид, 8. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Oдделението за криминалистичка полиција во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид на 6-ти март 2021 година го лишиле од слобода 21-годишниот Р.М. од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Охрид и Битола.

– По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, против осомничениот ќе поднесенат кривични пријави за вкупно 33 кривични дела. Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две кривични дела „тешка кражба“ во продавница, две кривични дела „тешка кражба“ на велоспипед, две кривични дела „кражба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, додека, на подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кривични дела, од кои две кривични дела „тешка кражба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука