Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време, со сончеви периоди и температура до 8. степени

Охрид, 9. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 8. степени.

– Денес и утре ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта и утре во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места во северните делови. Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено преку ноќта и утре претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се потопло време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука