Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општината од денес затворена за физички посети на странки

Охрид, 11. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради актуелната состојба со корона вирусот и зголемениот број на заболени на подрачјето на општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки.

– Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, кои се достапни на општинската веб страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат. Оваа мерка се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот COVID-19 и обезбедување на услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот, информираат од општината.

Оттаму апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот, кои се донесени од страна на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука