ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

За една недела езерското ниво намалено за три сантиметри, денес е на кота од 693,38 м.н.в

Охрид, 16. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на месецов езерското ниво бележи константно опаѓање и е намалено за пет сантиметри, а во последнава недела водостојот е намален за три сантиметри.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) Охридското езеро е на кота од 693,38 м.н.в, што е за 11 сантиметри под месечниот просек (693,49 м.н.в) и 28 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

May be an image of текст кој вели „министерство заземлоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба табела дневна хидролошка реките природните езера претходниот ден очекувана тенденција за наредниот ден) водостои прикажани 16.03.2021 cm легуновце вардар жм вардар велес 16.03.21 112 96 17.03.21 вардар просек 102 97 110 март ≡ 103 105 99 бана 55 112 10 38 нд брегалница 114 44 = струмица нд нд сатеска радика 153 81 ΜΗΜ измерени 144.93 3.преспа 147.11 7:30 часот 147.11 842.54 842.53 = вода 843.98 измерени 8.0 наколец- з.преспа охрид часот 8.0 4.0 4.5 8.0 = Bodocmojom 8.0 езеро нд нд има надминато изработил: минимум одобрил: директор, костадин ацевски нивна“

Температурата на езерската вода измерена утрово е 8 степени, односно за 0,2 степени повисока од мартовскиот просек.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 7. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Денес и утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 км/час, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука