Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

ОЈО Струга поднесе предлог за парични казни за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Скопје/Вевчани, 16. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело повреда на угледот на странска држава.

Обвинетите, на 14-ти јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св. Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија.

Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме.

Јавниот обвинител на Основниот суд во Струга му предложи на првообвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 70 евра во денарска противвредност, додека за останатите двајца обвинети се предложени парични казни од по 100 дневни глоби од по 50 евра во денарска противвредност.​ (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука