Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Купете албум од ДНК, да ги поддржиме македонските музичари!

Скопје, 18. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – По акцијата која неодамна ја организираше Тони Зен, Панчо и Андреј, односно момците од двоецот ДНК започнаа со промотивна online продажба на нивни музички изданија.

Имено, нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и DVD изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба, и тоа не е се – најинтересно е што сите фанови на ДНК од Скопје нарачката ќе ја добијат, што се вели, на рака и тоа лично од Панчо и Андреј.

May be an image of text that says 'cTOJAM AM намила (FREP друг DNK CKONJE однапред само стојам авион опуштено крие како феат. лена ленаристеска даркоилиевски дарко дада врчак старпет SBEP 19. 18. фрази убовни 20. дутро 9. ѕвер .Hekoj друг нека днапред феат. Tavitijan Brothers уште еден денде феат. лазар цветкоски 21. тодеска брака TEEE ΦΕΑΙ. ена цветкоска месечина најмила феат мина блажев диламант убовни она отровна тамара годевска феат роберт билбилов рак феат. магдалена ена BanePopovi DVD Û'

– Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучиво преку музиката, поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за ПОДДРШКА на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период. Иако имаме 5 албуми се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум „The best of“ (ексклузивно издание) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод наштот 15. роденден, велат Панчо и Андреј.

May be an image of 1 person

Изданијата може да се купат и нарачаат исклучиво онлајн преку Facebook фан страницата на DNK и на приватните ФБ и инстаграм-профили на Панчо и Андреј @djshortypofficial @andrejdnk.

– Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе, велат дечките и откриваат дека наскоро од нив ќе следува и нешто ново.

Цените на изданијата се: „Најдоброто од ДНК“ – 500 денари, ДВД – 600 денари + = 1000 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука