Локална самоуправа

Поради градежни активности, од сабота нов сообраќаен режим на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 18. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од сабота, 20-ти март 2021 година ќе започнат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Јане Сандански“, на потегот од кружната крстосница со булевар „Туристичка“ до кружната крстосница со улица „Сирма Војвода/Даме Груев“.

– За таа цел на овој потег ќе отпочне да важи времен режим на сообраќај по кој мора да се придржуваат учесниците во сообраќајот, се’ додека траат градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа. Активностите ќе ги изведува „Вардар-градба“ ДОО Скопје. Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација која ќе биде поставена додека трае новиот режим на сообраќај, заради непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се упатува апел до учесниците во сообраќајот, додека траат градежните активности, доколку не е неопходно да се избегнува овој потег за сообраќај, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука