Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“, од денес нов сообраќаен режим

Охрид, 20. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнуваат градежните активности за реконструкција на дел од улицата „Јане Сандански“, на потегот од кружната крстосница со булевар „Туристичка“ до кружната крстосница со улица „Сирма Војвода/Даме Груев“.

– За таа цел на овој потег ќе отпочне да важи времен режим на сообраќај по кој мора да се придржуваат учесниците во сообраќајот, се’ додека траат градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа. Активностите ќе ги изведува „Вардар-градба“ ДОО Скопје. Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација која ќе биде поставена додека трае новиот режим на сообраќај, заради непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се упатува апел до учесниците во сообраќајот, додека траат градежните активности, доколку не е неопходно да се избегнува овој потег за сообраќај, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука