ЕКОЛОГИЈА Избор ТОП ВЕСТИ

Ќе се промовира граѓански инспекциски совет при Државниот инспекторат за животна средина

Скопје, 22. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Граѓански инспекциски совет при Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска ќе и биде претставен на јавноста.

Целта на советот е поефикасна соработка на Инспекторатот со граѓанскиот сектор. Група од 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции, кои се залагаат за заштита на животната средина, во соработка со ДИЖС формираа Граѓански инспекциски совет при Инспекторатот.

Граѓанскиот инспекциски совет е формиран поради потребата за поефикасна соработка на ДИЖС со граѓанскиот сектор, која ќе придонесе за размена на знаења и искуства, но и за поголемо граѓанско влијание врз Инспекторатот и другите јавни институции за подобрување на инспекцискиот надзор и намалување на загадувањето. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука