Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Поевтинуваат нафтените деривати

Скопје/Охрид, 22. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ нови, пониски, цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар, додека на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 денари за килогрaм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 56,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 45,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 35,393 денари/килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука