Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно и студено време со сончеви периоди и температура до 4. степени

Охрид, 23. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег со послаб интензитет, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 4. степени.

– Денес и утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер (локално над 60км/ч.). Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука