Повторно ставен во функција компјутерскиот томограф во ЈЗУ Општа болница Охрид
Охрид, 23. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – После професионално сервисирање од страна на овластен сервисер, ставен е во функција компјутерскиот томограф, информираат од ЈЗУ Општа болница Охрид.
Додаваат дека на задоволство на граѓаните од Охрид и пошироко, отсега непречено ќе може да се изведува компјутерска томографија.
Станува збор за дијагностика која припаѓа на најпрецизните видови на истражување и овозможува брзо добивање на резултати. (Крај)
извор: ЈЗУ Општа болница Охрид/ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |